Министерката Канческа-Милевска се сретна со новата амбасадорка на Австрија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше работна средба со новоименуваната амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија Рената Коблер.
На средбата, како што соопшти Министерството, соговорничките се согласија дека Македонија и Австрија традиционално имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата.
Канческа-Милевска се заблагодари за континуираната австриска поддршка и изрази уверување дека македонско-австриското партнерство ќе продолжи да се развива и ќе претставува пример за успешна соработка во полза на културата и нејзините вредности.
Министерката потсети дека досегашната соработка со Република Австрија е на одлично ниво со континуирано претставување на македонските културни вредности во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои австриската култура се претставува во Република Македонија. Нагласи дека на особен прием кај австриската публика наидоа културните содржини кои минатата година беа презентирани во рамки на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“, која се одржа по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Во согласност со Годишната програма на Министерството за култура, во 2015 година беше поддржана реализацијата на повеќе содржини преку кои македонската култура се претстави во Австрија, меѓу кои: учеството на Мандолинскиот оркестар при МКЦ на Интернационалниот музички фестивал за хорови и оркестри во Виена, учеството на балетското студио „Арт балет“ на натпреварот „Виена опен“, концертната турнеја на Тони Китановски и Черкези оркестар и многу други настани, а до крајот на годинава е предвиден и концерт на македонската пијанистка Елена Мисиркова, која ќе настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. На средбата беше нагласена и важноста на настаните преку кои традиционално австриската култура се промовира во Република Македонија, како што е организирањето на Виенскиот бал, како и повеќето ликовни и музички претставувања на уметници од Австрија.
Канческа-Милевска и Коблер разговараа и за реализација на копродукциски проекти меѓу институциите од областа на културата во двете земји, особено во областа на филмската дејност.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи