Министерката Јаневска и амбасадорката Улман ќе ја посетат компанијата „Ронтис“ во Велес
Министерката за образование и наука Весна Јаневска заедно со швајцарската амбасадорка Вероник Улман, извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев и тим лидерот на проектот “Образование за вработување“, Курт Вутрих денеска ќе ја посетат компанијата „Ронтис“ во Велес.
Како што соопштуваат од МОН, целта на посетата е увид во спроведувањето на практичната настава што оваа компанија ја организира за дел од учениците од дуалните паралелки во средните стручни училишта во градот.
Според Стопанската комора, посетата е во насока на продолжување на поддршката на учењето преку работа во компаниите и подигнување на квалитетот на практичната обука, со цел задржување на континуитетот за упис во средните стручни училишта заради креирање кадар со практични вештини кој ќе одговори на пазарните потреби.
При посетата што ја организира Стопанската комора, ќе се види врзаниот триаголник – ученик – ментор во компанија – наставник, што е основа за квалиитетна реализација за практичната обука.
Фабриката за медицинска опрема РОНТИС во Велес, соработува со велешкото стручно училиште РЦСОО Коле Неделковски.
Ново на Сител
-
Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената по повод 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација
-
Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина и Харков
-
Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул
-
ЈОРСМ: Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог
-
Најниска температура измерена во Берово - 6 степени, дневната во земјава ќе се движи од 17 до 23 степени
-
ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија
-
Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од Холандија
-
ЈОРСМ: Поведена постапка за осомничен за тешка кражба од автомобил