-->
-->
Министерката Елези во посета на Австрија, Словенија и Хрватска
-->
Македонска делегација од градоначалници и раководители на центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од денеска до четврток престојува во посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и во Хрватска.
Министерката Елези во тек на посетата ќе оствари средба со градоначалниците на Грац, Велика Полана и Јастребарско.
Целта на посетата е размена на искуства во подготовката на локални и регионални иновативни развојни проекти, финансирање од ЕУ фондови, како и остварување различни форми на соработка на повеќе нивоа, соопшти Министерството за локална самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како Месечината ѝ се доближува и се оддалечува од Земјата?
-
Групите за човекови права повикуваат на интервенција во Газа по извештајот на ОН за геноцидот
-
Протест пред резиденцијата на Нетанјаху
-
Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
-
АХВ почна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
-
Зголемен прометот во индустријата
-
Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари
-
Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд