-->
-->
Министерка од Мадагаскар сменета заради изразена недоверба во чајот од пелин
-->
Министерката за образование на Мадагаскар, Ријасо Андриманана е сменета од функцијата откако најави дека на студентите ќе им купи слатки за да можат да го измијат „горчливиот вкус“ на чајот од пелин, за кој претседателот на оваа земја тврди дека е лек против коронавирусот.
Министерката Андриманана претходно изјави дека ќе нарача слатки во вредност од 2,2 милиона долари што ќе се земаат заедно со тоникот од пелин, за што експертите предупредуваат дека е бескорисен во борбата против Ковид-19, пренесува „Гардијан“.
Таа изјави дека слатките треба да го измијат горчливиот вкус на пијалокот, што претседателот Андри Рајоелина има намера да го извезува, тврдејќи дека тоа е „зеленото злато на Мадагаскар“, кое ќе ја „промени историјата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек