-->
-->
Минимален пораз на младите ракометраки
-->
Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (селекција до 19 години) попладнево го загуби натпреварот од Португалија со 27:26 (13:15) на Европското првенство што се одржува во Валенсија, Шпанија. Ова беше дуел од групата за пласман од 13-16 место и по поразот нашите ракометарки утре во натпревар за 15.место ќе играат против Литванија, која денеска загуби од Белорусија со 28:24.
На полувремето нашата репрезентација водеше со 15:13, но повторно лошиот страт на вториот дел и серијата од 5:1 на противничките ја однесе нашата селекција во негатива. Во последните десет минути резултатот беше постојано изедначен и двете репрезентации имаа минимално водство. Во последната минута по нашиот нереализиран напад, Португалија преку Марија Рамос стигна до победата од 27:26.
Кај Македонија Сара Ристовска со 10 голови беше најефикасна, додека Теодора Керамитчиева постигна 6.
Инаку во борбата за медалите вечерва во полуфиналето ќе играат: Русија – Унгарија и Шведска – Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред