Минарето во Охрид и понатаму се гради иако Заев изјави дека изградбата е стопирана
Здружението „Совест“ утрово објави фотографија од минарето кое се гради во центарот на Охрид.
Oд фотографијата не се гледа јасно дали минарето и понатаму се гради, оти истото е заградено со зелена ограда, но се гледа дека излегува прашина која веројатно е последица на градежни работи. Здружението ги прашува премиерот Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески каде е спокојот кој го ветиле, оти тие пред една недела изјавија дека градбата е стопирана и ова прашање ќе се актуелизира по изборите. Заев вети дека минарето нема да се гради, но очигледно неговиот збор никој не го слуша, па така, веројатно до крајот на изборите минарето ќе биде завршено со градба, по што ќе настане поголема спрега меѓу ИВЗ, власта и „Совест“.
ИВЗ на средба со новинарите, и покрај зборовите на Заев рече дека нема компромис за минарето и дека тоа ќе се изгради.
Ново на Сител
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила
-
Црвено метео предупредување издадено во делови од Хрватска поради силниот ветер
-
Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО
-
ЈП Македонијапат: Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово - Бунец преку Никифорово и Леуново