Милошоски: Пратениците со безбедносни сертификати имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој заедно со неколкумина други пратеници со безбедносни сертификати побараа увид во договорот со „Бехтел и Енка“, денеска изјави дека тие имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“.
-Прво, би сакал да кажам дека според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието. Пристап е да го имате документот и договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот, рече Милошоски во изјава за медиумите.
Зборувајќи за вчерашната најава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека договорот ќе биде презентиран, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците.
Тој потенцира дека криењето на договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле, како што рече, „Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал“.
-Секој премиер или министер којшто потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал, рече Милошоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
