Милошоски: Победата е извесна и ќе биде убедлива
Носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ Антонио Милошоски за време на денешните средби со битолчани на Широк Сокак истакна дека победата е извесна и повика на масовно учество и гласање на претстојните вонредни парламентарни избори.
Според Милошоски, со победата на владејачката партија и 63 пратеници, ќе има стабилно Собрание, а политичка криза ќе заврши.
- Чувствуваме, а такви информации и добиваме од терен, од граѓаните, дека победата на коалицијата „За подобра Македонија“ е извесна и ќе биде убедлива. Сакам да ги поканам сите и определени и неопределени да ни се придружат на 11 декември на мирни и достоиинствени избори, да се гласа со голема масовност, да се гласа за стабилна економија, за стабилно здравство и за напредно земјоделство, за повеќе странски инвестиции, за повеќе инвестиции во спортот, културата и инфраструктурата. Да имаме 63 пратеници за стабилно Собрание, да заврши оваа политичка криза и Македонија да продолжи да чекори напред и сите да работиме во интерес на граѓаните, рече Милошоски.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава