Милошоски: Колку побрзо падне Владата, толку подобро за перспективите на народот и на државата
Премногу е, денес затоа што со СДСМ и ДУИ прават голема инфлација, поскапување
Маслото поскапе за 107%, килограм брашно за 80%, литар млеко веќе е поскап за 50%, шеќерот за 36%, а горивата се поскапи и до70%. Имаме поскапа струја за 30% со најава за ново поскапување во јули.
И после ова некој не и верува на Владата дека инфлацијата е само 12%. Народот секојдневно гледа и чувствува по сопствениот џеб дека тоа што лани го купувал за 500 денари, денес во самопослуга не може да го купи ниту за 1.000 денари.
Владата не го чувствува ова затоа што за Владата има се повеќе тендери, и поголеми провизии, а за народот има се помалку пари. Платите се ниски, а цените се премногу високи.
Услугите кои што институциите се должни да ги дадат не се достапни за обичните луѓе, но се достапни за тие кои што се блиски до власта бидејќи корупцијата стана правило за жал исто како и непотизмот.
Изминатиов период власта дури се обиде во својата ароганција и самоволие да сокрие и некој убиства и така беше со убиството на ракометарот Тот, така е денес и со убиството на младото момче Витанов во струмичко.
Ништо од она што го ветија не исполнија. Нема нов Студентски град, нема Клинички центар, ниту клинички ниту во Штип, а автопатот Кичево– Охрид-Струга не е помрднат од фазата во која што беше оставен во 2017та година.
Нема ниту една поголема странска инвестиција. Нема пари за стопанството, но СДСМ и ДУИ не престануваат да земаат проценти од тендери и уште повеќе секогаш има за нивните блиски доволно пари како што имаше 1.4 милиони евра за фирмата на Заеви преку Министерството за земјоделие.
Оваа влада не создава ниту подобра сегашност, ниту перспектива во иднината. Европската Унија
Премиерот Ковачевски за жал служи како политичар за потсмев во регионот, а дома е пример за неспособен премиер кој нема план за подобар живот кој што за народот станува се потежок.
Затоа е премногу и затоа ве повикуваме на 18 јуни во 20 часот сите пред Влада да им покажеме и лично колку сме незадоволни и колку оваа Влада го има изгубено легитимитетот. Колку побрзо падне Владата, толку подобро за перспективите на народот и на државата.
Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Шести смртен случај од западнонилска треска, 26-годишник најмладиот хоспитализиран пациент
-

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците
-

Го грабнале и тепале за да признае дека ја силувал сопругата на едниот од нив, двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор
-

Полска бара Мета да биде казнета со 250 милиони евра поради лажни огласи
-

Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
-

Гутереш: ОН мобилизира резерви и персонал за да им помогне на погодените од поплавите во Непал
-

Над 25 милиони Американци помлади од 35 години живеат со своите родители – највисока бројка досега
-

Комисијата за избор на судија во ЕСЧП: Нема да ги коментираме ставовите на кандидатите
