Милошевски најави изградба на нови велосипедски патеки, нови пешачки зони во Охрид

Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење. Тоа денеска го порача Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Притоа тој најави изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан, субвенционирање за купување велосипед за охриѓани, партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација, авантуристички (адреналински) паркови, опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично.
Милошевски уште најави изградба на музеј на Охридско Езеро како нова атракција каде што охриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
