Милион дрвца ќе бидат засадени во Скопје

На 165 локации во Скопје денеска се садат еден милион садници во рамките на акцијата „Денот на дрвото“ која се спроведува по 17-ти пат од 2008 година.
Според директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџовски, кој во населбата Ново Лисиче заедно со градоначалниците на Скопје и Аеродром Коце Трајановски и Ивица Конески засадија дрвца, од 2008 година до сега по основ на акцијата „Ден на дрвото“ засадени се 36 милиони садници односно вкупно со редовните обврски на Македонски шуми посадени се 68 милиони садници или преку 35 илјади хектари.
- Сите садници ги обезбедува Македонски шуми од своето редовно производство кое почнува од семе па се до садница, од едногодишни до четири годишни садници, рече Караџовски и нагласи дека условите за садење има се додека температурите не паднат до -15 степени или не падне некој голем снег.
Појасни дека пошумувањето почнува од 15 ноември па се додека има услови односно откако ќе заврши процесот на вегетација на самото дрво или, како што рече, народски кажано откако ќе паднат сите лисја на дрвото.
Во однос на процентот на зафатеност на дрвјата Караџоски рече дека зависи од географската положба, или климатски услови, а највисок е во западниот дел на Македонија. Во однос на годината од спроведување на акцијата највисок процент на зафатеност на дрвцата бил во 2009 година кога била влажна година, а најнизок бил во сушната 2013 година кој изнесувал 38 проценти. Од почетокот на акцијата до сега процентот на зафатеност на дрвцата во Македоија изнесува 45,6 проценти.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека денеска се сади во сите десет општини во Скопје.
Во Аеродром до пролет ќе бидат посадени околу 50.000 дрвја, а во Градот Скопје вкупно 256.000 дрвја во урбаниот дел, истакна Трајановски и додаде дека Градот во акцијата учествува со околу 10 до 12.000 илјади дрвја.
На новинарско прашање за мерките за загадувањето во Скопје Трајановски рече дека иако главен проблем за загадувањето е конфигурацијата на теренот на градот, сепак се преземаат мерки во однос на доделување средства за печки на пелети, мерката за инсталирање плински уред во возилата, набавка на електрични автобуси, анимирање на граѓаните да користат огрев кој помалку загадува, изградба на три подземни сообраќајници...
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
