Милевски: Во Италија не сме дојдеме како туристи
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со фаворитот Италија.
– Секогаш очекувам успех. Не сме дојдеме како туристи туку да извлечеме што е можно повеќе. Секој натпревар е посебна приказна за себе. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина, но и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто од нас. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата. Немаме резултатски императив, но секогаш кога настапувате за својата држава мора да дадете се од себе. Ривалот ни е од топ 3 во светот, ама ние покажавме дека со нив можеме да се носиме, изјави Милевски на вечерашната прес-конференција.
Натпреварот ќе биде од претпоследното коло во групата од квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2024 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел