-->
-->
Милевски повика четири дебитанти за дуелот со Австрија
-->

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот играчи за претстојниот дуел со Австрија од квалификациите за Европското првенство 2019 година. Милевски за овој натпревар повика четири дебитанти, а ги нема Елиф Елмас кој ќе настапи за селекцијата до 19 години, додека Никола Ѓорѓев е повикан за пријателскиот дуел на сениорите со Норвешка. Првпат повик добија следниве играчи: Влатко Стојановски од хрватски Дугополје, Нехар Садики од Работнички, Ристе Јанков од Локомотива и Филип Трајчевски од Победа Валандово.
Комплетен список на повикани фудбалери: Филип Илиќ (Гондзасар), Ристе Јанков (Локомотива), Филип Трајчевски (Победа Валандово) - голмани; Давид Атанаскоски (Академија Пандев), Нехар Садики (Работнички), Костадин Чешмиџиев (Академија Пандев), Алекса Амановиќ (Јавор), Стефан Костов (Ренова), Бесарт Кривањева (Шкупи), Алекс Симовски (Акрополис) - одбрана; Тихомир Костадинов (Ружомберок), Лирадин Иљази (Ренова), Енур Тотре (Шкендија), Давор Здравковски (АЕЛ), Бесар Исени (Вардар), Никола Кулески (Сиднеј) - среден ред; Петар Петковски (Вардар), Емил Абаз (Спартак), Бобан Георгиев (Силекс), Ремзифаик Селмани (Ујпешт) и Влатко Стојановски (Дугопоље) - напад.
- Сметам дека сите треба да бидеме на повисоко ниво во однос на претходните натпревари, посебно ако го земеме во предвид дуелот со Гибралтар. Тоа е опомена за некои од фудбалерите кои се наоѓаат и на овој список. Дел од репрезентативците кои се лидери во клубовите очигледно имаат проблем да се наметнат во таа улога во националниот тим и овој момент секако ќе биде тема за анализа во периодот кои следува. Австрија е познат противник, знаеме се за противникот, но пак ќе потенцирам, важно е ние како ќе изгледаме на терен, изјави Милевски.
Првиот тренинг репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе го има на 8. ноември во 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот со Австрија нашата селекција го игра на 14.ноември на Националната Арена „Филип Втори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
