-->
-->
Милевски: Доминиравме, заслуживме победа
-->

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски не го криеше задоволството по големиот триумф против Северна Ирска во квалификациите за Европското првенство.
По пауза од три години македонската младинска репрезентација триумфираше на гостински терен. Ја совладавме Северна Ирскасо 2:1.
-Честитки до фудбалерите. Уште еднаш покажаа како треба да се однесуваат сите кои го носат националниот дрес. Бевме доминантни, резултатот не го покажува тоа што реално се случуваше на теренот. Погодивме три стативи, две во првото и пречка во второто полувреме, а создадовме и три сто отстотни шанси за гол. Тоа само покажува колку квалитетно го одигравме натпреварот, иако не победивме со поголема разлика. Ме радува и горд сум на тоа што играчите извлекоа поука од првиот натпревар со Исланд. И сега примивме наивен гол по прекин и промашивме неколку шанси за водечки погодок, но за разлика од натпреварот против Исланд покажавме карактер, тргнавме уште посилно, создававме прилики за гол и на крајот ја исполнивме целта, изјави Благоја Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
