-->
-->
Милевски: Добивме силни противници
-->
Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, кое ќе се одржи во Италија. „Прв впечаток е дека групата не е атрактивна, но противниците се силни и квалитетни“, изјавил селекторот Благоја Милевски за интернет страницата на ФФМ по жрепката во Нион.
Македонските фудбалери, родени по 1.јануари 1996 година, во квалификациите за Европското рпвенство во 2019 година, ќе игра против Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.
„Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации. И претходно кажав дека наша цел ќе биде потврда на квалитетот на игрите од претходниот циклус и конкурентност на теренот со секој противник, без разлика кој е од спротивната страна. Ние за квалификацискиот циклус за ЕП 2019 градиме комплетно нова репрезентација со која повторно ќе одиме чекор по чекор, како и низ претходните квалификации“ , изјави селекторот Милевски, кој заедно со директорот на репрезентацијата Саша Ќириќ беа присутни на извлекувањето на групите во Нион.
Квалификациите за пласман на ЕП во 2019 година ќе започнат во март годинава, а ќе завршат во октомври 2018 година, а во ноември истата година ќе се играат двете бараж средби по кои ќе бидат познати сите селекции кои ќе учествуваат на првенството чии домаќин ќе биде Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице