Македонија
19. January 2022 - 13:29

Миле Јангелов го извади Светиот крст од Каменичка Река

Миле Јангелов го фати Светиот крст, кој по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка.

По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа неколку пријавени учесници, меѓу кои Јангелов беше најсреќен.

 

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му врачи пригодни подароци и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината.