Миле Јанакиески започна штрајк со глад
Поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески почнал штрајк со глад во затворот во Шутка откако вчера беше нападнат од обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“
Како што дознава Press24 од свои извори во Истражниот затвор, Јанакиески утрово ја одбил и посетата на своите најблиски.
Јанакиески и поранешниот министер за образование и труд и социјала, Спиро Ристовски вчера во два одделни инциденти беа нападнати од две лица обвинети во предметот „Диво Насеље“. Поради здобиените повреди, Јанакиески беше префрлен во болница.
Екс министерот е притворен под сомнение за организација на настаните во Собранието на 27 април. Јавното обвинителство се уште не ги
објавува доказите врз основа на кои, Јанакиески и уште 4 лица се сомничат дека го организирале насилството во Собранието
Ново на Сител
-
Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски: Целокупната тендерска документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода