Милчо Манчевски претседател на жири на 68.Филмски фестивал во Локарно
Македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски е претседател на жири на 68. филмски фестивал во Локарно, Швајцарија, еден од петте најголеми светски фестивали од А категорија, што почна вчера и ќе трае до 15 август.
Манчевски е на чело на жирито на селекцијата Леопарди на утрешнината, за кратки и среднометражни филмови, една од четирите официјални селекции за награди на фестивалот. Во Леопарди на утрешнината се дела од млади автори кои допрва стапнуваат на сцена.
- Почестен сум да бидам дел од фестивал прочуен по промоцијата на нов талент и авторски уметнички филмови, рече Манчевски.
Во чест на Манчевски, на фестивалот ќе биде прикажан и неговиот наградуван филм „Мајки“.
Фестивалот во Локарно, што беше отворен вчера со светската премиера на „Рики и екипата“ на оскаровецот Џонатан Деми со Мерил Стрип, е прославен по проекциите на отворено, на главниот плоштад со гледалиште од 9.000 места. Во конкуренцијата долгометражни филмови за престижниот Златен леопард годинава се 19 филмови, меѓу кои и на реномирани автори како Шантал Акерман, Отар Јоселијани, Андреј Жулавски, Атина Цангари. Специјални награди годинава ќе добијат италијанскиот режисер Марко Белокјо и американскиот актер Едвард Нортон.
Манчевски, и самиот лауреат на венецискиот Златен лав, и на 50-на други фестивалски награди, учествувал во бројни жирија на светските фестивали, меѓу кои и во Венеција, Сараево, Варшава, Вилнус и други.
Неодамна, со англиско и македонско издание излезе и голема монографија посветена на творештвото на Манчевски.
Филмовите на Манчевски се предаваат на стотици универзитети, а во Италија „Пред дождот“ е дел од задолжителната наставна програма во средните училишта. Неговите филмови се обработуваат во бројни есеи, книги и филмски енциклопедии, прикажани се на над 200 фестивали, но и во над 50 земји на сите континенти во редовна кино-дистрибуција и на ТВ програмата.
Покрај неговите активности како сценарист, режисер, писател и фотограф, тој веќе подолго време се занимава и со образовна дејност на светските универзитети, како раководител со Катедрата за режија на постдипломските студии при Њујоршкиот универзитет, но и со предавања и продукциски проекти на рускиот државен универзитет ВГИК во Москва (каде на Манчевски му беше доделен почесен докторат), Јејл, Кинотеката во Ханој, Кинотеката во Болоња, германскиот државен филмски универзитет Бабелсберг, Бразил, Сингапур, Индија...
Ново на Сител
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово