Милчо Манчевски гостува во Шангај

Македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој живее и работи во Њујорк, САД, гостува во Шангај, Кина. Ова е неговото прво сеопфатно претставување во Азија.
Како што соопшти S-Press Publicity, три институции во Шангај одвоено го поканиле да гостува пред кинеската публика.
Во тек е циклус проекции на филмовите на Манчевски на јубилејното 20. издание на Филмскиот фестивал во Шангај, еден од најголемите фестивали во Азија. Манчевски е исто така и во жирито за главната награда на фестивалот.
На 24 јуни тој ќе одржи и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а на 26 јуни се отвора изложбата фотографии и се промовира негова книга што е издадена во Кина.
Организаторите информираат дека има огромен интерес за филмовите, кои се прикажуваат со по три проекции, а сите се распродадени. Распродадени се и влезниците за мастеркласот „Збор, слика и време“ во Кинескиот музеј на уметноста.
Филмовите на Манчевски се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг. Организаторите велат дека на проекциите и за мастеркласот доаѓаат студенти и од други градови во Кина, кои кажуваат дека нивните професори постојано им го прикажувале филмот „Пред дождот“ и со овој филм ги учеле за филмска структура.
Присуството на Манчевски во Шангај, како што се наведува, е забележано и со голем одглас во медиумите, проследено со бројни најави и интервјуа.
„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина и наиде на голем успех. Овој филм има култен статус во Кина, особено во академската средина каде се изучува како пример на наративната структура. Неколку кинески режисери, како Лу Је и Шу Хаолун го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој.
Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун изјави дека филмската академија го предава „Пред дождот“ како „Библија во филмската нарација во три чина“.
На 26 јуни, галеријата при шангајската „Хсинхуа паблишинг груп“ организира изложба на фотографски пентаптихови на Манчевски под наслов „Сонувајќи ги ву јан песните“, според песните со пет кинески букви од династијата Танг. По тој повод, „Хсинхуа“ издава и книга со фотографии и есеи на Манчевски.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
