Милановиќ: Не гледам можност за одложување на парламентарните избори
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави денеска дека не гледа можност за одложување на парламентарните избори, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.
Како што јави загребската телевизија Н1, Милановиќ рече дека поддржува олеснување и укинување на ригорозните заштитни мерки.
– Се плашам дека нема враќање и не можеме да се вратиме на претходниот вид затворање, тоа беше реакција на страв, реакција на ново, заканувачко, а сега знаеме колку е опасно и ќе се водиме според тоа дека старите и болните лица мора да се заштитат, а тоа го знаевме и порано, рече Милановиќ.
Парламентарните избори во Хрватска се закажани за 5 јули. Изборите требаше да се одржат на крајот на годината, но од страв дека може да се појави нов бран на зараза, беше решено да се излезе на гласање неколку месеци порано.
Ново на Сител
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
