Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
Старо-новиот хрватски претседател, Зоран Милановиќ, денеска во Забок рече дека Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа, додека светот чека да види како новиот американски претседател Доналд Трамп ќе придонесе за ставање крај на руската инвазија на својот сосед, јави Хина.
-Да се одбие учеството во воени мисии – о, да. Мисијата да и се помогне на Украина како што беше замислена никогаш нема да се реализира бидејќи кој експерт ќе ми објасни дека логистиката и планирањето на испораката на воени материјали не се воени активности. Па, тоа се воени цели, рече Милановиќ.
Тој додава дека е сосема друга приказна кога се во прашање сојузниците на Хрватска во НАТО.
-Учествуваме во помагањето на нашите сојузници, како Полска и Литванија, кои сакаат војниците на НАТО да бидат таму,кај нив, па еве, таму се и нашите луѓе, рече тој.
„Но, за да придонесеме за завршување на војната, што е последица на криминалната неодговорност и неспособност на група политичари, не можеме и не сакаме да учествуваме во тоа. Јас немам такви амбиции“, додаде Милановиќ.
Ново на Сител
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар