Милановиќ: Арбитражата со Словенија не постои
Арбитражен договор за границата со Словенија повеќе не постои, порача хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на Европската комисија и рече дека за тој став има поддршка од САД и Велика Британија.
Европската комисија претходно испратила писмо до хрватската и словенечката Влада во кое ги повикува да најдат решение за граничниот спор, истакнувајќи дека е добар пат за тоа е арбитражата, од која Хрватска се повлече.
Оваа тема била и дел од средбата на Милановиќ со британскиот премиер Дејвид Камерон.
- Тој договор пропадна засекогаш, тој е компромитиран. Хрватскиот сабор едногласно го отфрли, тој за нас не постои, изјави Милановиќ.
Тој вели оти „пристојно и одговорил“ на ЕК, и потсети дека Хрватска има и други правни начини на цивилизирано решавање на спорот.
Хрватскиот сабор на крајот на јули едногласно изгласа излез од Арбитражниот договор за решавање на граничното прашање со Словенија. Тоа се случи по скандалот кога е откриено како словенечкиот член на Арбитражниот суд Јернеј Соколец и словенечка дипломатка, Симона Дреник договарале изнесување аргументи и лобирање кај други судии на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, во постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда