Милан ја доби Северина на суд, одлуката на судијата не и се допадна на пејачката
Малиот Александар Поповиќ ќе живее седум дена кај мајката Северина, а седум кај таткото Милан, одлучи судијката од граѓанскиот суд во Загреб.
Со ова судот го прифати барањето на Милан, средбите и дружењето со детето да се одржуваат на начин што првата и третата недела во месецот во континуитет од недела во 20 часот до недела во 20 часот да ги поминува со него.
Одлучено е и родителите по принцип пола-пола да ги делат зимските и летните празници.
Ваквата одлука е донесена по повторно судење откако пред еден месец друга судијка од истиот суд го одби барањето на Поповиќ средбите со синот да се зголемат од досегашните кои се одржувале секоја втора среда и секој втор викенд.
Претходната судијка која го одбила барањето на таткото, одлуката ја објаснила со зборовите дека „ниедна одредба во законот не предвидува можност животното време на детето да се дели на еднакви делови“.
Менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ изјавил дека Северина ќе ја обжали пресудата.
-Северина не е задоволна од пресудата бидејќи таа не е добра за нејзиниот син и секако дека ќе се жали. Со оваа пресуда логично се наметнува и прашањето во какви односи се судијката и Милан Поповиќ, кога таа веќе по трет пат пресудува според неговите барања, а на штета на детето. Крајно време е тоа темелно да се истражи, вели Петровиќ.
Ново на Сител
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
-

Облачно со повремен дожд во наредните два дена, од вторник сончево и тивко
-

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
