-->
-->
Мила имала 338 килограми, од ногата и отстраниле масно ткиво тешко 20 килограми
-->
Мила Кларк (47) од Тенеси имала 338 килограми. Сама успеала да ослабе 45 килограми, а потоа лекарите и отстраниле ткиво од ногата тешко 20 килограми. Така, пред операцијата во која ќе и вградат гастеричен бајпас изгубила 65 килограми.
- Секој ден од мојот живот е мизерен. Заробена сум во оваа соба повеќе од две години. Можам само да јадам и спијам, а се плашам дека некое утро нема ниту да се разбудам, - вели Мила.
Таа е мајка на пет деца од кои четири се посвоени. Јакоб (16), Хана (15) и Калеб (15) секое утро стануваат рано за да ја измијат мајка си.
- Тоа е навистина понижувачко, децата на тие години не би требало да се грижат за своите родители - вели Мила.
Нејзиниот сопруг не можел да и помогне бидејќи бил болен. Со тежината се борела цел живот, кога имала само три години веќе ја навредувале дека е дебела.
- Растев без татко, зависев од мајка ми и моите сестри. Мајка ми никогаш не велеше дека не сака, само н идаваше храна. Храната ја поврзав со мајчинската љубов и затоа секој пат сакав се повеќе, - вели Мила која признава дека и сега им бара на децата да и купат брза храна.
Кога завршилa средно образование имала 158 килограми, пишува Дејли Меил. Набрзо после матурата го запознала сопругот Елрој. На него не му пречела тежината. После свадбата, родила и дете. Тие сакале уште деца, но Мила била премногу тешка, па тие посвоиле четири деца. Поради себе и семејсвото се одлучила на големи промени. Ја примиле во болница каде била на операција. Добила и план за исхрана. Има е помагало со кое повторно се движи. Исто така има и програма за вежбање. Ја чекаат и други операции. Како што вели и самата, „Ова ќе биде неверојатно патување“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин