Мила Царовска: Родовото прашање е составен дел на сите политики на Владата
![]()
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформата за акција за родова еднаквост (Пекинг +25), што се одржува во Скопје.
– Во овие три години како Влада направивме максимални напори родовото прашање да биде составен дел на сите политики. Она што е важно дека како држава успеавме да ја ратификуваме Истанбулската конвенција. Но, не застанавме тука. Нејзината имплементацијата е висок приоритет. МТСП работи на воспоставување на услуги за заштита од насилство заедно со граѓанските организации и истите ги развиваме на локално ниво, истакна Царовска.
![]()
Во соопштението на Министерството за труд и социјална политика се наведува дека во 2019 година се донесени нови закони за спречување и заштита од дискриминација и за прекинување на бременоста, а обезбедена е и вонституционална заштита преку усвојување на нов сервисен центар за лица кои се жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство.
– Со донесувањето на Законот за минимална плата во 2017 година, прв пат, минималната плата беше изедначена за работниците во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент на вработени се жените. Од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција, Република Северна Македонија постигна значителен напредок во развојот и имплементацијата на агендата за родова еднаквост. За 2020 година планирана е измена на Законот за еднакви можности на жените и мажите како и воспоставување на тренинг центарот за родова еднкавост, се наведува во соопштението.
![]()
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
