Микл-Лајтнер: Сега затворете ја и источнобалканската рута
Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер порача дека по западнобалканската, сега треба да се затвори и т.н. источнобалканска рута.
- По затворањето на западната балканска рута и договорот на ЕУ со Турција, постои потенцијал од 1,1 милион луѓе, кои би можеле да тргнат на пат кон Бугарија, предупреди таа во изјава за австриската државна телевизија ОРФ.
Микл-Лајтнер истовремено укажа дека е скептична кон спогодбата меѓу ЕУ и Турција, додавајќи дека таа не го решава проблемот.
Според неа, веќе се гледаат алтернативи на движење во правец на Бугарија, бидејќи е затворена границата на Македонија кон Грција.
Микл-Лајтнер нагласи дека е воочена и зголемена активност на криумчарите со луѓе во правец на Бугарија, како и дека тука се создава нов коридор за масовна миграција.
- Поради тоа потребно е да се вложат напори кон тој дел на Европа, додаде таа и напомена дека веќе му наложила на генералниот директор за јавна безбедност да се подготви за ова сценарио.
Ново на Сител
-
Опозициските партии реагираат - чија е заслугата за изградба на Коридорите 8 и 10?
-
60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР
-
Трае суспензијата на лекарите
-
Јавна расправа во Собрание: Денови на медиумската писменост 2024
-
Македонија за прв пат добива Стратегија за развој во следните 20 години
-
Водата во Струмица повторно е безбедна за пиење
-
Преглед на вести од светот
-
Мицкоски му врати на Ахмети - Помина времето кога политичари можеа да влијаат врз судии