Микл-Лајтнер: Сега затворете ја и источнобалканската рута
Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер порача дека по западнобалканската, сега треба да се затвори и т.н. источнобалканска рута.
- По затворањето на западната балканска рута и договорот на ЕУ со Турција, постои потенцијал од 1,1 милион луѓе, кои би можеле да тргнат на пат кон Бугарија, предупреди таа во изјава за австриската државна телевизија ОРФ.
Микл-Лајтнер истовремено укажа дека е скептична кон спогодбата меѓу ЕУ и Турција, додавајќи дека таа не го решава проблемот.
Според неа, веќе се гледаат алтернативи на движење во правец на Бугарија, бидејќи е затворена границата на Македонија кон Грција.
Микл-Лајтнер нагласи дека е воочена и зголемена активност на криумчарите со луѓе во правец на Бугарија, како и дека тука се создава нов коридор за масовна миграција.
- Поради тоа потребно е да се вложат напори кон тој дел на Европа, додаде таа и напомена дека веќе му наложила на генералниот директор за јавна безбедност да се подготви за ова сценарио.
Ново на Сител
-
Струмица воведува видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување