Микел-Лајтнер: Невозможно е претходно одредување на бегалските контингенти

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер ги демантираше тврдењата дека се договорени бегалски контингенти со Словенија.
- Тоа не е возможно, бидејќи не можеме да ги предвидуваме бегалските приливи, изјави министерката во врска со лимитот од 1.500 лица предложен од државниот секретар на словенечкото Министерство за внатрешни работи Боштјан Сефич.
Микел-Лајтнер не сака да биде конкретиризан бројот на бегалците, кои Австрија ќе ги прифати, бидејќи ситуацијата постојано се менува и постојаниот контакт на експертите од двете страни овозможува процедурата да се измени согласно моменталната состојба.
- Можностите на Австрија за прием на нови луѓе зависат од една страна од однесувањето на Германија и од капацитетите за сместување од друга страна, рече таа.
- За два до три дена може да се исцрпат нашите можности за сместување, но како Австрија, така и Словенија се заинтересирани за контролирани активности, додаде Микел-Лајтнер.
Ново на Сител
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
