-->
-->
Мик Шумахер: Формула 1 е мојата судбина
-->
Синот на Михаел Шумахер, Мик, тврди дека Формула 1 е неговата судбина.Во моментов тој се натпреварува во Формула 2, но сепак е дел од програмата на Ферари за млади пилоти и минатиот месец дури направи деби на тестовите, откако возеше како за „Скудерија“, така и за Алфа Ромео во Бахреин.
– Не сакам да се споредувам со никој од сегашните пилоти во Формула 1. Човекот со кого треба да се споредувам е татко ми. Морам да видам какви се неговите чекори и што направил поинаку од другите за да ги постигне овие успеси. Тоа е она за што сакам. Се разбира во моментов во Формула 1 има страшно талентирани пилоти кои немаше да се натпреваруваат, ако немаат квалитети, па секогаш е убаво да зборуваш со нив и да учиш колку можеш повеќе. Да, мислам дека да возам во Формула 1 е моја судбина, изјави 20-годишниот Мик пред „Скај Спорт“.
Тој ја освои титулата во Формула 3 по силните презентации во последните натпреварувања и тоа му обезбеди место во Формула 2. Тој годинава заврши освои бодови во 3 од првите 4 натпревари до сега.
– Многу е важно работите да се случуваат чекор по чекор и Ф2 најверојатно е последното скалило пред Формула 1. Задоволен сум како се одвиваат работите за мене, бидејќи да возиш во Формула 2 мислам дека е потешко во некои односи од Формула 1. Тоа сепак е многу добра подготовка за највисоко ниво, рече уште Мик Шумахер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
