Михајловиќ: Прекинот на испораката на руски гас нема да влијае на испораката за Србија
Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ изјави дека прекинот на испораката на гас од руски Гаспром за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да го платат тој енергенс во рубљи, не влијае на снабдувањето на српскиот пазар и дека Србија добива гас преку Балкански тек низ Бугарија, која е транзитна земја, јави дописникот на МИА од Белград.
-Гасот го добиваме преку Балкански тек во редовни, договорени количини од 6 милиони кубни метри. Дневно трошиме околу 4,6 милиони кубни метри, што значи дека имаме доволно за нашите потреби. Но, без разлика на редовното снабдување, размислувавме што можеме да направиме во случај на непредвидени ситуации, односно прекин на испораката на гас до транзитната земја, која како и досега може да земе гас за свои потреби. Не треба да се заборави дека Бугарија е 100 отсто зависна од рускиот гас и нема можност да набавува гас за свои потреби од други извори. Се надеваме дека тоа нема да се случи, цело време сме во комуникација со нив, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
Според неа Србија има неколку можности, односно опции од кои едната е да користи гас од складиштето во Банатски двор, каде има резерви за 21 ден, а резервите во рускиот дел се за 22 дена.
-Втората варијанта е да се надополни складиштето во Банатски двор, а третата е да се закупи капацитетот во складиште надвор од Србија, на пример во Унгарија и да се размислува за заедничка набавки на гас со Европа, објасни Михајловиќ.
Зборувајќи за новиот договор со Гаспром, таа рече дека една од опциите е постојниот да се продолжи до крајот на годината, наместо да се склучи нов долгорочен договор.
-Мораме да обезбедиме енергетска безбедност на сите начини, бидејќи во овој момент секоја држава се грижи за себе. Кога ќе заврши интерконекцијата Ниш-Димитровград, во септември следната година, тогаш сигурно ќе можеме да размислуваме за договори со други добавувачи. Или добиваме ЛНГ од Грција или гас од Азербејџан, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.
Ново на Сител
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети