-->
-->
Михаил Давитковски го фати крстот во водите на Крива Река
-->
– Михаил Давитковски е среќникот кој меѓу педесеттемина верници кои денес скокнаа во водите на Крива Река беше најсреќен и го извлече крстот од осветените води на Богојавленскиот водосвет во Општина Крива Паланка.Чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – одици започна со света божествена литургија во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во центарот на градот, со која чиноначалствуваше архиерејскиот намесник на Кривопаланечкото намесништво, Александар Смиљков, по што во дворот на црквата беше осветена вода.
Од црквата свештенството и верниците се упатија кон големиот мост на Крива Река, каде по осветување на водите, во нив беше положен светиот крст.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со поздравот „Бог се јави – навистина се јави“, им го честита големиот христијански празник Богојавление-Водици на бројните присутни верници, а на Давитковски му додели подарок од општината, телевизиски приемник.
Како и секоја година, традиционално, награда за среќникот кој го извлече крстот од осветените води, таблет, доделија и Аптеки “Зегин”.
За сите присутни граѓани на платото пред зградата на локалниот музеј беа поставени неколку пунктови со топли напитоци што ги обезбеди Општината, а логистичка поддршка пружија волонтери од Црвен крст – општинска организација Крива Паланка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
