Михаел Рот во Скопје на средба со премиерот Заев
Премиерот Зоран Заев попладнево во Владата ќе има средба со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.
Спроти посетата на Државниот секретар Рот, од германското МНР соопштија, дека тој изразил надеж од посветеноста на рефромите на новата Влада во земјата, чие формирање, наведуваат, беше долго и тешко.
- Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се наведува во информацијата од германското МНР пред посетата.
Германскиот дипломат Рот доаѓа во Скопје по посетата на Белград.
Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, тој е член на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој е дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.
Ново на Сител
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони
-
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
-
Пожар во магацин за производство на полиестер во Врапчиште, повреден пожарникар
-
Уапсен 38-годишен маж од Штип, пронајдена дрога