-->
-->
Мигранти откриени во возило кај село Речица
-->

Полицијата вчера открила петмина мигранти од кои тројца Курди и двајца Сиријци во возило управувано од скопјанец во близина на село Речица. На возачот му е одреден триесетдневен притвор.
Во соопштението од МВР, се наведува дека во близина на село Речица, полициски службеници од ПС Белановце при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски таблици, управувано од И.Б.(36) од Скопје, пронашле тројца Курди А.М.(26), С.К.(35) и Д.Ф.(26) и двајца Сиријци А.А.А.(27) и М.К.А.(18).
Тие заедно со возачот се приведени во Полициска станица. Од страна на Основен суд - Скопје на И.Б. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
