Миг Џегер сака „Ролинг стоунс“ да одржат концерт во Сараево
Властите во Сараево преговараат за организирање на концерт на славната британска рок група „Ролинг стоунс“ во градот под Миљацка, јави босанскиот портал Кликс.
Концертот треба да се оддржи во мај на стадион „Кошево“.
Идејата за концертот во Сараево, пред се, била желба на фронтменот на групата, Мик Џегер, соопшти заменик началникот за образование, култура и спорт Рамиз Кадиќ.
Преку посредници Џегер изразил желба да дојде во Сараево и да оддржи концерт за регионот, токму во босанската престолнина.
-Сараево понуди за половина пониска цена од онаа што ја плати Загреб за гостувањето на Ролинг стоунс, изјави Кадиќ.
На просторите на поранешна Југославија, британската група досега два пати гостувала во Загреб, во 1976 и 1998 година, и еднаш во Белград, во јули 2007 година.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ