Миење и дезинфекција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Во текот на денешниот ден екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што соопшти Град Скопје, оваа интервентна дезинфекција и чистење на улиците во рамките на Клиничкиот центар е една од серијата мерки која Градот и градските јавните претпријатија ги спроведуваат поврзани со ширењето на коронавирусот.
Во спроведувањето на денешната акцијата, додаваат, се ангажирани триесет работници што со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во кој се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.
– Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот Ковид-19, со цел хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања, изјави директорот на „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.
Ново на Сител
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
