Мицотакис по средбата со Макрон во Париз: Грција е подготвена да се соочи со оние кои и се закануваат
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис синоќа во Париз изјави дека неговата земја е „подготвена да се соочи“ со каква било закана за нејзиниот суверенитет, алудирајќи на обвинувањата на Турција дека Грција ги „окупирала“ островите на Егејското Море.
-Подготвени сме да се соочиме со сите оние кои ни се закануваат со истоварување на нашите острови, на наша територија, рече Мицотакис по разговорот во Елисејската палата со францускиот претседател Емануел Макрон.
Грчкиот премиер и се заблагодари на Франција за поддршката на неговата земја „наспроти турските провокации“ и додаде дека Грција е секогаш отворена за дијалог.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја обвини Грција дека ги „окупира“ островите во Егејското Море, кои се грчки, но на кои не можат да бидат стационирани грчки војници.
Ердоган предупреди дека турските вооружени сили би можеле „брзо да пристигнат и да го направат она што е потребно“ на тие острови.
Макрон како неприфатливи ги оцени „провокациите и изјавите кои го доведуваат во прашање суверенитетот на Грција“ и повтори дека Франција „јасно и одлучно“ ја поддржува Грција.
-Нема да дозволиме да надвладее каков било неред, особено во источниот Медитеран, додаде Макрон.
Ново на Сител
-
Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искорениме
-
Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор
-
Ставот на Русија останува „непроменет“ по предлогот на Трамп за прекин на војната
-
АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ 24 Вести и ТВ Вистел за непочитување на изборниот молк
-
Меѓународни набљудувачи: Изборите беа конкурентни, но засенети од правни недостатоци и политичка поларизација
-
Потрошувачката кошничка поскапа за 500 денари
-
29-годишник ги избркал родителите од дома и им се заканувал со нож затоа што одбиле да му дадат пари
-
Сведочење за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина