Мицотакис: Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија
Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на дискусијата со Стивен Ерлангер, уредникот на дописништвото од Европа на „Њујорк Тајмс“, грчкиот премиер говореше за низа актуелни теми во Грција, меѓу кои и за интеграцијата на Македонија во Унијата.
– Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија.

Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа.
– За неколку дена ќе сретнеме во Словенија. Треба на Западен Балкан да му понудиме јасна европска перспектива. Треба отворено да разговараме за проширувањето. Треба да пратиме сигнал дека за 10-15 години, колку и да е потребно, но дека Западен Балкан припаѓа во Европа, рече Мицотакис и додаде дека евентуалниот вакуум што би се создал „ќе го окупираат други играчи“.
Паралелно, уште еднаш го повтори неговиот став за Договорот од Преспа, дека не гласаше „за“, бидејќи, како што објасни, постојат аспекти што не му се допаѓаат. Но, потсети и на ставот дека ако договорот се ратификува во Парламентот, тогаш ќе го почитува, бидејќи е меѓународна обврска за земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
