Мицотакис до Грците во САД: Со одговорност и дисциплина перипетијата со пандемијата наскоро ќе помине
Заедно со нелегалниот упад на мигранти на нашата граница, бевме на мета на овој невидлив непријател што го нападна здравјето. Првата битка ја добивме, а втората ја добиваме секојдневно со брзите и храбри одлуки на Владата и со одговорната позиција на сите граѓани од градовите и селата, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата порака за пандемијата на Ковид-19 до Грците кои живеат во САД. Тој истакна дека „со одговорност и дисциплина перипетијата со пандемијата наскоро ќе помине“.
Мицотакис објаснувајќи дека Грција веќе влегува во вториот месец со вонредни мерки „што ги наметна пандемијата“, порача дека неговите мисли се со Грците што се надвор од границите, а особено со оние во САД и Њујорк и паралелно ги советува да останат дома.
-Искуството од нашата земја покажува дека смиреноста и солидарноста носат резултат. Останете дома, водејќи сметка за вашата лична хигиена и најранливите. Држете се заедно. Нашите амбасади и конзулати секогаш ќе бидат отворени за вас. А организациите на иселениците и нашата Црква се стабилна мрежа на взаемна помош, порачува Мицотакис.
Ново на Сител
-
Ова се убиените ќерка и татко во Велес вчера, ги убил поранешниот нејзин партнер па се самоубил | ФОТО
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк