Мицотакис бара од Ердоган одговори за картата со грчките острови на коалициониот партнер

За мапата на Турција во која се вклучени дел од грчките острови со која се фотографираше претседателот на Партијата за националистичко движење Девлет Бахчели на средбата со Сивите волци, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис бара одговори од турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган за позицијата на неговиот коалиционен партнер, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис преку „Твитер“, ја објави фотографијата со конкретната мапа и на англиски праша дели тоа е „делириум на екстремистите или официјална политика на Турција?“, но и дали е „уште една провокација или вистинска цел?“
-Добро погледнете ја оваа мапа. Крит, Родос, Лезвос, Хиос, Самос сите апсорбирани од Турција. Делириум на екстремистите или официјална политика на Турција? Уште една провокација или вистинска цел? Претседателот Ердоган мора да ја разјасни неговата позиција за последните лудории на неговиот помал коалиционен партнер, напиша Мицотакис на „Твитер“.
Ново на Сител
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
