-->
-->
Мицковски оствари средба со евроамбасадорот Гир
-->
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се сретнал со евроамбасадорот Дејвид Гир со кого разговарал за актуелната политичка и економска состојба во земјава и за евроинтеграциите, како и за геостратешките случува во регионот и Европа.Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека Мицковски посочил дека немањето реформи, лошото менаџирање на Владата во однос на економската, енергетската и здравствената криза и високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат.
– Претседателот Мицкоски го информираше Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните, стои во соопштението од партијата.

Мицкоски ја афирмирал поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на земјава во Европската Унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот