Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“,извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на Сала за венчавање – Парк на млади, каде беше дадена и изјава за медиумите.
На прашање за коментар околу предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде супститут на ЕУ за кој Владата кажа дека е одлична идеја, Мицкоски одговори дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ и каква егзибиција како што е изјава на Владата не е решение.
Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.
„Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои“ истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
