Мицкоски за Политика: Заев потврди дека нема капацитет да ја води државата
Реконструкцијата на владиниот кабинет што премиерот Зоран Заев ја направи неодамна не е поради геостратешки интереси туку за да се дограби до парите на граѓаните, а при тоа никој да не го контролира, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделнотот интервју за српска Политика.
Единствена цел на целата операција беше тој и неговото семејство да имаат 100% контрола врз буџетот, коментира претседателот на најголемата опозициската партија за весникот.
Мицкоски ја коментира и последната афера со лажните телефонски разговори на Заев .
ас не верувам дека има сериозен меѓународен партнер кој би споделил со Заев чувствителна информација, откако слушна како ги прераскажува состаноците и разговорите и како споделува фотографии со личности по телефон без да провери со кого комуницира. Затоа сметаме дека Заев треба за прв пат да ги стави државните и национални интереси пред личните, да се повлече и да си даде оставка, да се формира техничка влада и да одиме на предвремени избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски е сигурен во победа на изборите.
„ Во периодот кој доаѓа мора да се концентрираме на тоа да формираме што подобар тим и што подобра програма со кои ќе ја извадиме Македонија од калта“, коментира Мицкоски.
На прашањето дали западновропските лидери не го исполниле своето ветување во контекст на евроинтеграциите, Мицкоски одговара дека не може ЕУ и САД да бидат виновни за тоа што Заев не постигнал подобар договор, или за тоа што корупцијата во власта цвета, или пак, дека судството е партизирано, за дивоградбите во Охрид и Матка.
„Македонија ќе биде дел од ЕУ, но јасно е дека тоа не е можно со неспособни и корумпирани политичари како Заев и Димитров“, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласува и дека неговата партија никогаш не била против договор со Грција, но оној што го постигна Зоран Заев мораше да биде подобар и дека доколку Грција покаже подготвеност за тоа, не гледа причина зошто одново да не го отвори ова прашање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
