Мицкоски за Левица: Наша цел е да ја поразиме неспособната власт, секој кој ја има истата цел е добредојден
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има како цел е да ја порази оваа неспособна власт на СДСМ и ДУИ и секој кој ја има истата цел е добредојден. Тоа го имам кажано неколку пати јавно, а го имам кажано и од гостување овде во Дневникот на Сител. Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на централниот Дневник на телевизија Сител.
Мицкоски укажа дека овој повик се однесува и на раководтавото на Левица.
- Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт, рече Мицкоски.
Според него обединет опозициски блок буквално ќе го растури ова тенко владино мнозинство, а тоа го покажуваат и истражувањата на јавното мислење.
- Левица рече на изборите ќе одат само со листи за советници и ако одат така може да разговараме за мнозинство во општините во советите, а претходно може да разговараме за поддршка за кандидати за градоначалници на опозицијата, без разлика од кои партии дали ќе се кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива или заеднички, кажа Мицкоски.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември