Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира коалицијата со владините партнери ЗНАМ и со ВРЕДИ и како ќе настапат на локалните избори, одговори дека разговорите се конструктивни и оти очекува процесот да се финализира во втората половина на август.
- Што се однесува до настапот на локалните избори, разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока, очекувам по годишните одмори дека би имале официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата да биде на годишен одмор меѓу петти и 15 август, така што анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат и веднаш после 15 август или втората половина на август, рече Мицкоски на прес-конференција со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“.
Информира дека во меѓувреме ги завршиле разговорите внатре во коалиција „Твоја Македонија“, и дека очекува во однос на кандидатите за градоначалници да се поддржат меѓусебно со партнерите од владеачката коалиција.
- Сега ја правиме таа анализа, очекувам втора половина на август тоа да се затвори како тема, и потоа можеме да излеземе со поддршка за градоначалници, бидејќи јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи, коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија ЗНАМ и коалицијата ВРЕДИ логично е во одредени општини, т.е. би рекол во сите општини да се поддржуваме едни со други во делот на градоначалниците, бидејќи сме владина коалиција и мислам дека тоа ќе биде позитивен процес којшто ќе заврши втора половина на август, потенцира Мицкоски.
Прашан да ја искоментира кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Општина Чаир, премиерот одговори дека тоа е внатрешна работа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и оти тука нема што да коментира.
Ново на Сител
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици
-
Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
-
ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари
-
Родители се расправаат со негувател во Зоолошка додека со децата висат на заштитна ограда | ВИДЕО
-
Приведено 11-годишно дете од Куманово, го фатиле како краде од продавница