Мицкоски: За 23 дена од ноември, увезена е струја од 23 милиони евра
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со енергетската криза во државата истакна дека иако од Владата најавуваа дека комплетните потреби на граѓаните за струја ќе бидат задоволени од домашното производство, тие повторно излажаа.
„Јас ќе дадам еден податок денеска ексклузивно од овде од Кавадарци. Започнаа во ноември да увезуваат струја за потребите на граѓаните, не за индустријата, за потребите на граѓаните, оние кои што се снабдувани од ЕВН Хоум за кои што велеше државата дека комплетно домашно производство ќе ги снабди со електрична енергија. Тие не успеа и затоа од 7-ми ноември до 30-ти ноември, за 23 дена увезоа електрична енергија во вредност од 23 милиони евра. Значи секој ден увезуваа по еден милион евра електрична енергија, пари платени од граѓаните. За 23 дена 23 милиони евра“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека покрај овие 23 милиони евра за увоз на струја во ноември, направен е и нов тендер за првите четири дена од декември кој би чинел некаде околу 8 милиони евра за увоз на електрична енергија, а зимата сѐ уште календарски не е започната.
„Сега направиле нов тендер за првите четири дена во декември, а замислете зимата сѐ уште не е започната календарски, нов тендер во кој што повторно ќе увезуваат од први до четврти декември проценката е дека нови 8 милиони евра ќе чини оваа набавка. Значи ќе повторам не само што крадат туку и многу лажат и не ја говорат вистината и затоа ќе го видете Ковачевски и малкумина владини функционери на оние стенд-ап настапи каде што како комедијант тој се обидува мене да ме навредува мислејќи дека прави претстава пред неколкумина сопартијци кои што му аплаудираат, додека народот тоне во мизерија“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„Додека Македонија има многу проблеми тој онака храбро одлучува како комедијант да ме навредува на неговите настапи пред малубројното негово партиско членство, мене и ВМРО-ДПМНЕ. Ако е толку храбар како што се преставува, има начин таа храброст да ја манифестира, а тоа е да одиме на предвремени парламентарни избори па народот да даде оценка дали ќе верува на неговите стенд-ап настапи како комичар или пак на ова сурова и тешка, болна реалност во Македонија“.
Ново на Сител
-
На Неврохирургија првпат применета интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочна аневризма
-
Во Гостивар приведена 19-годишна турчинка, поседувала предмети со остатоци од марихуана и други наркотици | ФОТО
-
Приведен скопјанец, пренесувал мигранти од Непал
-
Ја украле бистата од гробот на Стале Попов проценета на 320.000 денари, побаран притвор за четири лица
-
Голема полициска акција во неколку градови, се апсат вмешани во „шумска мафија“
-
Северна Кореја ѝ дала на Русија оружје во вредност од 9,8 милијарди долари, а добила 1,2 милијарди долари
-
Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16
-
Продолжува судењето за Онкологија 2