Мицкоски-Вучиќ: Иднината на Балканот е во прогресивните политичари кои умеат да ги заштитат државните интереси и да придонесат за градење на интегрирани општества
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Белград заедно со потпретседателот Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
Од партијата информираат дека соговорниците размениле мислења и ставови за повеќе актуелни теми врзани со регионалните предизвици, начините за интензивирање на соработката и стратешките интереси на двете држави.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека водењето на добрососедска политика, меѓусебното разбирање и почитување базирано на принципи и вредности преставува трајна добивка за регионот, а за тоа клучни се интензивните контакти и широко подадената рака за пријателство. Мицкоски посочи дека Република Македонија и Република Србија споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици поврзани со членството во НАТО и Европската Унија и дека тука е потребна соработка и размена на искуствата како и еден отворен и транспарентен пристап од двете страни. Мицкоски посочи дека е за градење на мостови на соработка, и дека иднината на Балканот е во прогресивните политичари кои умеат да ги заштитат државните интереси и да придонесат за градење на интегрирани општества. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше својот соговорник и за состојбата во Република Македонија при што изрази загриженост за недостатокот на демократски капацитет на владата за издржан дијалог, опасноста од политичкиот терор кој се спроведува врз политичките неистомисленици, како и немањето на сериозен концепт за важните прашања од сферата на надворешната политика каде клучно е заштитата на државните и национални интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Мицкоски посочил дека наметнувањето на теми како законот за јазици, немањето на концепт за економски развој, немањето на реформски правец и поразителните економски резултати придонесуваат за слабеење на стандардот на граѓаните, нешто што ја влече државата наназад, и ја одалечува од стратешките интереси за членство во НАТО и ЕУ.
-Соговорниците постигнаа согласност дека Македонија и Србија треба да ја интензивираат соработката и дека тоа е единствениот начин на напредок на регионот кој треба да ги надмине ретроградните процеси од минатото, за што е потребна визија и капацитет. Ова е трета средба од балканската агенда на претседателот Мицкоски и потпретседателот Николоски, каде освен со претседателот на Србија Вучиќ, беше остварена средба и со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Пленковиќ, и словенечкиот лидер на СДС и поранешен премиер Јанес Јанша, соопштуваат од партијата.
Ново на Сител
-
Се толерираат ли нестручни кадри во здравствениот систем?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Преглед на вести од светот
-
Сведоштво во судница на мајката на убиената Вања
-
Стручната комисија утврди лекарски пропусти за смртта на 14 месечното бебе
-
Берлински процес
-
Новиот Закон за правична е готов но не е испратен до Влада, допрва ќе се договарале деталите
-
Утре почнува грејната сезона, но основните училишта во Карпош ќе останат со студени радијатори