Мицкоски: ВРЕДИ нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина.
-Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа во рамки на нашата заедничка коалиција е договорено, рече Мицкоски.
Околу имињата, тој истакна дека очекува да ги достави во понеделник, откако ќе бидат искристализирани, но, дополни дека тоа се оние имиња, кои горе долу циркулираат во јавноста.
миа
Ново на Сител
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
