Македонија
28. August 2024 - 9:08

Мицкоски во посета на Пробиштип, Македонска Каменица и Берово

Претседателот на Владата Христијан  Мицкоски денеска ќе ги посети општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово.

Како што е најавено од владината прес-служба, тој ќе присуствува во Општина Пробиштип по повод Денот на рудари и ден на градот. 

Мицкоски ќе ги посети и Општина Македонска Каменица и Општина Берово.