-->
-->
Мицкоски во посета на Граничниот премин Блаце – започнува со работа системот „One Stop Shop“
-->

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот косовски колега Албин Курти, денеска ќе го посети Граничниот премин Блаце, соопштија од владината прес-служба.
Како што се наведува во соопштението, денешната посета е по повод отпочнувањето со работа на заедничкиот граничен премин со Косово, Долно Блаце – Елез Хан, како дел од проектот „One Stop Shop“.
– Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со претседателот на Владата на Република Косово Албин Курти ќе присуствува на проектот заедничката гранична контрола „One Stop Shop“ на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, се наведува во владиното соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
