Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, без разлика на резултатот од референдумот
– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави оти верува во успешноста на референдумот, но нагласи дека без разлика на резултатот, дури и да не успее, партијата нема да поддржи промена на Уставот под овие околности.
– Единствен начин да видиме дали ќе има излезност е да се одржи тој референдум, да се поддржи таа иницијатива и да видиме дали граѓаните ќе бидат „за“ или „против“. Јас ги охрабрувам деморкатски во насока на европскиот дух кој од нивните усти додека крадат не престанува да излегува, и сега тоа да го направат и да ги мобилизираат оние малкумина да излезат и се произнесатво согласнсот со нивните политики. Јас сум сигурен дека ќе успее референдумот. Но, без разлика на резултатот ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот под овие околности, рече Мицкоски по денешниот состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Според Мицкоски власта е исплашена од мобилизација на народот и консолидирање на антивладино расположение кое, како што вели, постои. Тој, одговарајќи на прашање во врска со процедурата за поднесување на иницијативата во Собранието, рече дека доколку сметаат дека е пречка, ќе ја корегираат.
– Тие можат да наоѓаат изговори колку сакаат и да ја одложуваат работата. Нас ни е важна суштината, а не формалноста. И ако е тоа пречка ќе ја корегираме таа пречка и ќе ја доставиме онака како што тие ценат дека треба да се достави, само да имаме успешна процедура, демократски да дозволиме граѓаните да се изјаснат за политиките на Владата поврзани со Договорот со Република Бугарија, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница
-
Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО
-
Мицкоски за прислушкувањето: Одговорност мора да има за прислушкувањето
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица